Потпишан првиот меморандум за соработка помеѓу Еврејската заедница во Р. Македонија, Институтот за културно и духовно наследство на Албанците, Институтот за национална историја и Меморијалниот центар


На ден 10.11.2014 година по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против фашизмот и антисемитизмот во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, беше потпишан првиот меморандум за соработка помеѓу Еврејската заедница во Р. Македонија, Институтот за културно и духовно наследство на Албанците, Институтот за национална историја и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

Меморандумот беше потпишан со цел продлабочување на соработката помеѓу овие четири институции, а воедно и пример за меѓуетничка и меѓуверска почит и разбирање. Овој чин претставува признавање на заедничка желба за спречување, справување и превенција на омраза и насилство кон било која етничка или верска група.

Со потпишувањето на Меморандумот за соработка и официјално започна проектот „Соочување со минатото – цивилната храброст во опасните времиња“.

Претставници од институциите кои го потпишаа меморандумот беа г-ѓа Берта Романо Николиќ, претседател на Еврејската заедница во Р. Македонија, д-р Скендер Асани, директор на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, проф. д-р Драги Ѓоргиев, директор на Институтот за национална историја, г-динот Благоја Младеновски, член на Управниот одбор на Меморијалниот центар на холокаустот.


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN