Потпишан меморандум за соработка помеѓу Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Генералната дирекција на архиви на Република Албанија


Денес во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија беше потпишан меморандумот за соработка помеѓу Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија и Генералната дирекција на архиви на Република Албанија. Целта на потпишување на овој меморандум е воспоставување на соработка помеѓу Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и генералната дирекција на архиви на Република Албанија за знаењето и користењето на архивското историско богатство за Евреите.

Соработката подразбира размена на професионалното искуство како и размена на архивски списанија и литература, научни и информативни материјали, упатства и публикации, фондови за слики и видео записи, со право за нивно издавање, репродукција, дистрибуција вклучувајќи и изнајмување и позајмување, јавно изложување, јавно соопштување и преработување. Како и копии од архивска граѓа со цел исполнување и збогатување на архивските фондовите.

Денес и официјално ги добиваме првите 700 документи кои се однесуваат на бегството на Еврите од Македонија, земјите во Балканот и други европски држави во период 1941-1944 и нивното доагање во Албанија, за тоа сме неизмерно благодарни на Генералната дирекција на архиви на Република Албанија.

Воедно, по потпишувањето на меморандумот за соработка беше отворена и изложбата „Честа на човекот“ во која е претставена големата човекова хуманост за време на Втората Светска војна, прогонувањата, депортациите и спасувањето на Евреите од Македонија и регионот на Балканот.


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN