Одржан едукативен семинар за наставници од западниот Балкан на тема „Холокаустот, историјата, дигиталните содржини и социјалните мрежи“


Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија во соработка со институтот за Еврејска историја ЦЕНТРОПА од Виена, четврти пат  во Македонија организираше тридневен едукативен семинар за наставници од западен Балкан на тема „Холокаустот, историјата, дигиталните содржини и социјалните мрежи”. Семинарот се одржа во период од 22 до 24 мај 2015 година.

На семинарот учествуваа 39 наставници кои предаваат во основните и средните училишта во Република Македонија, Србија, Хрватска и Словенија.

За време на семинарот, учесниците работеа и разменуваа искуства околу наставните методи, како употреба на готови дигитални содржини,  креирање на нови дигитални содржини, методот на усна историја, интегрирање на повеќе наставни предмети при реализацијата на наставата, стимулирање на креативно мислење како и развивање на нови идеи. Беше претставен методот на Сенторопа и на Меморијалниот центар на холокаустот во Македонија за употреба на кратки документарни филмови како дигитални содржини во наставата по историја, на темата Холокауст и последиците од него. Важноста на кратките документарни филмови беше дотолку поголема, ако се знае фактот што се снимени во сопствена продукција на Центоропа и на Меморијалниот центар на холокаустот во Македонија и се однесуваат на вистински животни приказни.

Едукативниот семинар беше поддржан од Claims Conference, Амбасадата на Соединетите американски држави и Амбасадата на Австрија, Министерството за образование и наука на Република Македонија и Бирото за развој на образование во Р. Македонија.


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN