Одржан едукативен семинар „Историски пристап на холокаустот и масовните злосторства на Балканот“


Во периодот од 14 – 16 септември 2015 година во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија се одржа едукативен семинар на тема „Историски пристап на холокаустот и масовните злосторства на Балканот“, наменет за професори по историја во средните училишта во Република Македонија. Семинарот беше организиран во соработка со Министерството за образование и наука во Република Македонија и Мемориал де ла Шоа од Париз, Франција. Ова е втор едукативен семинар за професори кој Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија го организира во соработка со Мемориал де ла Шоа од Париз, Франција, а прв што се одржа во Република Македонија. Амбасадата на Република Франција во Република Македонија, Францускиот институт во Скопје и Claims Conference беа поддржувачи на овој едукативен проект со што придонесоа за негова поуспешна реализација .

Свеченото отворање на семинарот се одржа на 14 септември, каде поздравен говор одржа г. Сафет Незири, државен советник во Министерството за образование и наука на Р. Македонија; г. Јован Теговски, Амбасадор и национален координатор за меѓународна алијанса за сеќавање на холокаустот; Н. Е. г – ѓа Кристина Алтхаузер, Амбасадор на Германија во Р. Македонија; Н. Е. г – ѓа Алуренц Ауер, Амбасадор на Франција во Р. Македонија; г. Горан Садикаријо, главен извршен директор на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и г. Бруно Бојер, директор за односи со странство во Memorial de la Shoah, од Париз, Франција.

На семинарот земаа учество 36 професори по историја од средните училишта во Република Македонија, каде ги проширија своите знаења за холокаустот, геноцидот и за масовните убиства на Балканот и имаа можност да учат од проминентни професори во оваа област како што се Јохан Чапоутот, историчар од Универзитет во Париз Сорбона; Тал Брутман, Ecole des Hautes Etudes en Sciences; доцент д-р. Иванка Додовска од Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје; проф. д-р Томислав Дулиќ од Упсала Универзитетот; доцент д-р Мишо Докмановиќ од Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје; доцент д-р Теон Џинго од Институтот за национална историја; Дубравка Стојановиќ од Филозофскиот факултет во Белград; Надеге Рагару од Ecole des Hautes Etudes en Sciences Sociales; како и Џорџ Бенсоусан од Memorial de la Shoah.


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN