ЕДУКАЦИЈА ЗА ХОЛОКАУСТ


Од 17 до 19 мај во Тирана се одржува трилатерален едукативен семинар за наставници во организација на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Меморијал де ла Шоа од Париз, со поддршка на ресорните министерства за образование. Овој семинар е продолжение на неколку претходни кои се од исклучителна важност за наставниците кои ја разработуваат темата ХОЛОКАУСТ.
40 наставници од Србија, Албанија и нашава земја преку работилници, предавања и вистински приказни на преживеани Евреи од Албанија ќе совладуваат нови техники за унапредување на процесот на образование на младите генерации и ќе го надградуваат знаењето и разбирањето за сите историски и сегашни аспекти на холокаустот, како најтемен и најтрагичен дел од современата човечка историја.
 

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN