СЕМИНАР ЗА НАСТАВНИЦИ ВО КАВАЛА


Во Кавала, Грција се одржа трилатерален едукативен семинар за наставници во организација на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Меморијал де ла Шоа од Париз.
Овој семинар со наслов „Холокаустот како појдовна точка“ е продолжение на неколку претходни кои се од исклучителна важност за наставниците кои ја разработуваат темата ХОЛОКАУСТ.
Вкупно 40 наставници од нашава земја, Бугарија и Грција преку работилници и предавања совладаа нови техники за унапредување на процесот на образование на младите генерации и го надградија знаењето и разбирањето за сите историски и сегашни аспекти на холокаустот, како најтемен и најтрагичен дел од современата човечка историја.
Семинарот беше поддржан од ресорните министерства на земјите учеснички и нашето Биро за развој на образованието.

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN