Трет награден литературен конкурс „раскажувам фотографија“2022


ТРЕТ НАГРАДЕН КОНКУРС „Раскажувам фотографија“2022
Фондот на холкауст на Евреите од Македонија по третпат распишува конкурс за краток расказ инспириран од стари фотографии со наслов: „Раскажувам фотографија“
ТЕМА:
Секој петок, на ФБ страната на Фондот на холокаустот ќе биде објавувана фотографија која ќе биде позврзана со животот на Евреите во Македонија. Фотографијата ќе биде лајтмотив за расказот. Во расказите треба да доминираат случувања од животот на Евреите во Македонија, во минатото.
Прифатливи ќе бидат раскази кои можат да придонесат кон подобро разбирање меѓу луѓето, кон искоренување на омразата и разградување на предрасудите, раскази кои допринесуваат за соочување со минатото, холокаустот, емпатија, раскази кои ги поместуваат границите и ни отвораат пат да градиме поизвесна, побезбедна и послободна иднина за сите.
Целта е да се поттикне продукцијата на краткиот расказ како форма што е многу популарна, современа и широко прифатена од читателската публика и која има длабоки корени во сефардската раскажувачка традиција.
ПРОПОЗИЦИИ:
– расказите да не бидат подолги од 100 реда
(три страници со новинарски проред или најмногу до 7.000 карактери )
– авторите можат да пишуваат на македонски, албански, турски, ромски, влашки, српски или англиски јазик
– расказите да не биле досега објавувани
Право на учество имаат сите полнолетни лица, веќе афирмирани, но и оние кои досега немаат објавувано. Секој учесник може да учествува на конкурсот со најмногу три раскази.
Ракописите треба да се испратат на: info@holocaustfund.org.mk со назнака: За конкурсот „Раскажувам фотографија“
ТРАЕЊЕ:
Конкурсот почнува со објавување на првата фотографија и тема, на 02.09.2022 година.
Последната, десета фотографија ќе биде објавена на 04.11.2022 година, а сите автори ќе можат да праќаат творби до 18.11.2022 година.
Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 06.12.2022, а наградите на добитниците ќе им бидат врачени на 19.12.2022 година – на првиот ден од празникот Ханука.
НАГРАДИ:
Прва награда - 25 000 денари
Втора награда - 15 000 денари
Трета награда - 10 000 денари
Фондот го задржува правото за објавување на наградените. Најдобрите раскази, според жири комисијата, ќе бидат објавени на ФБ страната на Фондот на холокаустот.
Сите учесници ќе добијат благодарница за учеството на конкурсот.

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN