ТАКТИЛНИ ИГРАЧКИ


Во Меморијалниот центар на холокаустот Еврете од Македонија стигнаа тактилни играчки.
Овие играчки ќе помогнат да се подобрат постоечките и да се создадат нови содржини наменети за различни возрасти. Со вклучување на тактилните играчки во различни активности, Меморијалниот центар ќе го подобри тактилното искуство на своите посетители и со тоа ќе придонесат за поголема достапност на содржините за лицата со пречки во видот.
Донацијата на тактилни играчки е обезбедена преку регионалниот проект „Подобрување на пристапноста на музеите на Балканот за лица со попреченост“. Проектот се реализира во партнерство со Балканската музејска мрежа.
Голема благодарност до Милена Милошевиќ Мишиќ - музејски советник и историчар на уметност од Локалниот музеј Књажевац, која ни ги донесе играчките.
Оваа регионална иницијатива и проект беше иницирана од Милена Милошевиќ Мициќ, во соработка со колегите од Битола - д-р Ирена Ружин и од Сараево - Аида Миа Брулисауер и Аида Вежиќ.

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN