Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија се одржа седмиот семинар од проектот „Едукон“ (EduCon), поддржан од Хедли Траст (Headley Trust) од Кралството на Велика Британија и Фондот на холокаустот.
Семинарот беше со наслов „Интерпретација на културно наследство и музеите “, а предавач беше меѓународно докажан експерт во оваа област, г-ѓа Драгана Луција Ратковиќ Ајдемир.
На семинарот учествуваа 19 музејски професионалци кои преку практични вежби кои беа индивидуални и групни усвојуваа нови вештини и алатки за интерперетација на културното наследство. Искуството и знаењето пренесено од г-ѓа Драгана Луција Ратковиќ Ајдемир беше исклучително и добредојдено за сите кои работат на интерпретација на културното наследство и се дел од некој музеј во нашава земја.
Менаџер на проектот „Едукон“ е д-р Ирена Ружин, а координатор м-р Жаклина Мучева.