РЕЗУЛТАТИ ОД ТРЕТИОТ ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС ЗА КРАТОК РАСКАЗ „РАСКАЖУВАМ ФОТОГРАФИЈА 2022“ НА ФОНДОТ НА ХОЛОКАУСТОТ НА ЕВРЕИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА


Според одлуката на жири комисијата во состав:
Ирина Талевска – претседател на жири комисијата, Катарина Богоева –член, Жаклина Мучева - член
Првата награда му припадна на расказот „Фотографија“ од Јована Матевска Атанасова
Втората награда оди за расказот „Во сенката на Исак џамија“ од Васко Гичевски
Трета награда се доделува на расказот „Папочна врвца“ од Лилјана Пандева
Жири-комисијата сака посебно да ги истакне и со тоа да ги пофали со доделување Пофалници и овие три раскази:
„Дуќан на Широк сокак“ од Сузана Ѓорѓиевска
„За здравје и радост“ од Гордана Каракашевска
„Трагите на храбрите срца“ од Емилија Матаничкова
Тимот на Фондот на холокаустот на сите учесници им се заблагодарува за учеството на литературниот конкурс „Раскажувам фотографија 2022“, а на победниците и на пофалените им честита.
Наградените три раскази ќе бидат објавени на нашата ФБ страна следната седмица.

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN