Одржан семинар „Холокаустот и масовните злосторства – издвојување преку споредба“


Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, Memorijal de la Shoah и Правниот факултет „Јустинијан Први“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ одржаа семинар за студентите од Правниот факултет. Темата на семинарот беше „Холокаустот и масовните злосторства – издвојување преку споредба“.
На отворањето студентите ги поздравија: проф. Мишо Докмановиќ, деканот на Правниот факултет Сашо Георгиевски, Заменик-шефот на мисијата на германската амбасада Ото Граф, амбасадорот Габриел Атанасов, директорот на Фондот на холокаустот Горан Садикаријо и Бруно Бојер од Меморијал де ла Шоа.
Првиот дел од семинарот беше одржан на Правниот факултет каде беа разработени следниве теми: „Историска и правна рамка на масовните злосторства“ и „Војната во Украина и фалсификувањето на историјата“. Предавач во првиот дел беше Томас Чопард. Вториот дел од семинарот се реализираше во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Професорот Мишо Докмановиќ од Правниот факултет зборуваше за „Депортацијата на македонските Евреи“, а Тал Брутман ги разработи темите: „Нацистичката репресивна политика“ и „5 лажни идеи за холокаустот“.
Семинарот се одржа на 9 декември 2022 година, а учествуваа 50 студенти. Семинарот беше поддржан од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN