РАБОТНА ДЕФИНИЦИЈА ЗА АНТИСЕМИТИЗМОТ


Законски необврзувачката Работна дефиниција за антисемитизмот на ИХРА беше усвоена во 2016 година и оттогаш е усвоена или одобрена од бројни држави и владини тела.

На 26 мај 2016 година на пленарна седница во Букурешт е решено:

 

Да се усвои следната правно необврзувачка Работна дефиниција за aнтисемитизмот:

“Антисемитизмот е одредена перцепција кон Евреите, која може да се изрази како омраза кон Евреите. Реторичките и физичките манифестации на антисемитизмот се насочени кон Евреи или не-Евреи и/или нивниот имот, кон институции на Еврејската заедница и верски објекти.”

 
ИХРА ќе работи водејќи се од следниве примери кои можат да послужат како илустрација:
 
Антисемитските манифестации може да бидат насочени и против државата Израел, која се смета за еврејски колектив. Меѓутоа, доколку критикувањето на државата Израел е слично на она упатено до која било друга држава тогаш не може да го сметаме за антисемитизам. Антисемитските напади честопати ги обвинуваат Евреите за заговори со цел да му наштетат на човештвото, а честопати ваквите напади се користат за да се обвинат Евреите за „лошото одвивање на работите во светот“. Антисемитизмот се изразува преку говор, пишување, преку слики и дела и користи несоодветни стереотипи, како и негативни карактерни особини.
 
Современите примери на антисемитизам во јавниот живот, медиумите, училиштата, работните места и религиозниот живот можат да бидат следните, доколку се земе во предвид севкупниот контекст:

  • Повикување, помагање или оправдување на убивање или загрозување на Евреите во име на радикална идеологија или на екстремистички религиозни погледи.
  • Создавање на лажни, нечовечни, демонизирачки или стереотипски тврдења за Евреите како поединци или како општествена група. Обвинувањата од овој вид особено се (но не и единствените!) Митот за еврејски заговор во светот или тврдењето дека Евреите владеат со медиумите, економијата, владините структури или други социјални институции.
  • Обвинување на Евреите како народ дека се одговорни за вистински или измислени погрешни/лоши работи извршени од поединци или групи на Евреи, како и за погрешни/лоши работи направени од не-Евреи.
  • Негирање на фактот, обемот, механизмите (на пр. гасните комори) или пак на намерата за геноцид на еврејскиот народ од страна на Национал-социјалистичка Германија и нејзините поддржувачи и соучесници за време на Втората светска војна (Холокаустот).
  • Обвинување на Евреите како народ или кон Израел како држава дека го измислиле или преувеличиле Холокаустот.
  • Обвинување на еврејските граѓани дека се повеќе лојални на Израел или на наводните еврејски приоритети ширум светот, отколку на интересите на нивните сопствени држави.
  • Оспорување на правото на Евреите на самоопределување, на пример тврдејќи дека постоењето на Државата Израел е расистичко по самиот свој карактер.
  • Применување на двојни стандарди, при што од Израел се бара однесување кое што ниту се очекува, ниту бара од било која друга демократска држава.
  • Користење симболи и слики кои што асоцираат на класичен антисемитизам (на пр. тврдењето дека Евреите го убиле Исус или клеветењето дека се практикуваат ритуали со крвопролевање), а со цел на Израел или на Израелците да им се припишат такви карактерни особини.
  • Споредување на денешната израелска политика со онаа на нацистите.
  • Тврдења дека Евреите се колективно  одговорни за постапките на државата Израел.

Антисемитските акти се кривични дела, кога истите се утврдени со закон (на пример, во некои земји постои негирање на холокаустот или дистрибуција на антисемитски печат).
 
Антисемитски кривични дела се оние кога за цел на напади, без оглед дали се работи за луѓе или имот – како што се згради, училишта, места за молење и гробишта – се избрани бидејќи се сметаат дека се еврејски или се поврзани со Евреите.
 
Антисемитска дискриминација е кога на Евреите им се попречува да ги користат можностите или услугите кои што им се достапни на другите луѓе, а што е во спротивност со законот во многу држави.

 
 

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN