СПРАВУВАЊЕ СО АНТИСЕМИТИЗМОТ ВО УЧИЛИШТАТА / ПРОГРАМА ЗА ОБУКА НА НАСТАВНИЦИТЕ ВО ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ
Оваа публикација е дел од серијата од четири публикации, насловена како Справување со антисемитизмот во училиштата: Програма за обука. Секој посебен дел од серијата е наменет за посебна група на професионалци, односно: (1) наставници од основните училишта, (2) наставници од средните училишта, (3) наставници од стручните средни училишта (4) училишни директори.
Во воведот е даден преглед на структурата на која што се темели програмата за обука на наставниците во основното образование и клучните препораки за примена на документите од програмата за обука. Секој дел од оваа програма има за цел да им помогне на обучувачите во областа на образованието на глобално ниво да дејствуваат делотворно со цел јакнење на капацитетите на наставниците за спречување и давање одговор на антисемитизмот, односно против овој специфичен и особено опасен вид на предрасуди насочени кон еврејскиот народ. Во овој контекст, во програмата за обука се опфатени антисемитските предрасуди и перцепции за Евреите, појави кои честопати имаат социјална и политичка функција во општествата ширум светот; и истата не претставува материјал којшто има за цел да ги подготви наставниците за меѓукултурен дијалог. Со оглед на нејзиниот опфат, оваа програма за обука исто така е наменета и за креаторите на политиките кои работат во областа на образованието.
Публикацијата можете да ја превземете од следниов линк: https://www.osce.org/files/f/documents/8/6/484169.pdf (MK)
https://www.osce.org/files/f/documents/f/f/470703.pdf (EN)
Другите корисни публикации од оваа област можете да ги превземете од следниов линк:
https://www.osce.org/odihr/441146
Сподели: << Назад
Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.
Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација