Доделени наградите и признанијата на учесниците на третиот литературен конкурс за краток расказ „Раскажувам фотографија 2022“


Во пријатна празнична атмосфера, во Меморијалниот центар на холокаустот беа доделени наградите и признанијата на учесниците на третиот литературен конкурс за краток расказ „Раскажувам фотографија 2022“. Авторите имаа можност да се запознаат меѓусебе, а оние кои традиционално учествуваат на наградни конкурси да се видат и сите заедно да си честитаат за уште еден успешно завршен конкурс на кој дале дел од својот творечки набој и квалитет.
На средбата беше прочитан записникот на жири комисијата, наградените автори прочитаа делови од своите раскази и беа поделени сертификатите.
На крај ја запаливме петата свеќа од Ханукијата и се почестивме со традиционалните Ханука крофни.
Сите учесници од Скопје кои не си ги подигнаа своите сертификати, да дојдат во Меморијалниот центар во работно време од 9 до 18 часот (освен понеделник). Авторите кои не се од Скопје, да испратат своја домашна адреса на мејлот: info@holocaustfund.org.mk за да им го испратиме сертификатот по пошта.
Честитки за наградените и благодарност за сите автори кои учествуваа на конкурсот.
Ве очекуваме на „Раскажувам фотографија 2023“

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN