Конференцијата за справување со антисемитизмот во регионот на ОБСЕ


На шести и седми февруари во Скопје се одржа Конференција за справување со антисемитизмот во регионот на ОБСЕ, како прва од серијата значајни конференции и состаноци што ќе се организираат за време на претседавањето со ОБСЕ во 2023 година. Во Меморијалниот центар на холокаустот се сретнаа специјалните претставници на земјите членки на ОБСЕ кои дискутираа за начините за надминување на антисемитизмот.
По работниот дел, по повод Еврејскиот празник Ту БиШват (Нова година на дрвото), вработените од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија заедно со претставници од Светскиот Еврејски конгрес и Еврејската заедница засадија дрвца во паркот пред Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

 Учесниците на Конференцијата за справување со антисемитизмот во регионот на ОБСЕ го посетија Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Гостите ги пречека и поздрави директорот на центарот Горан Садикаријо, а им се обрати и Рабин Ендру Бејкер -специјален претставник на претседавачот со ОБСЕ и претседател на меѓународниот консултативен одбор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.

Гостите, заедно со Лилјана Лазаревска и Маја Наноу ја разгледаа постојаната поставка со објаснувања за секоја секција, по што следеше коктел.

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN