Заврши тридневниот семинар во Лисабон - Португалија, на тема - ХОЛОКАУСТОТ КАКО ПОЈДОВНА ТОЧКА


Во центарот на вниманието беа Сефардските Евреи, нивниот живот на Иберискиот полуостров и насилното покрстување во Португалија. Беше опфатен и прогонот во 1942 година, нивното населување и живот на Балканот, холокаустот и нивниот живот денес. Семинарот го следеа 45 професори од Македонија, Грција, Хрватска, Шпанија и Португалија. Во организацијата на семинарот учествуваа Memorial de la Shoah, Министерството за образование и религија на Грција, Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, Eurom– Европската оpсерваторија на сеќавања, Memorial democratic, Memoshoa – асоцијација за сеќавање на холокаустот и универзитетот во Барселона. Овој едукативен настан го поддржаа Европската унија и Claims Conference.


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN