ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЈОМ ХАШОА
Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија заедно со Еврејската заедница во Република Македонија го одбележаа Јом Ашоа - националниот комеморативен ден на холокаустот и херојството на државата Израел којшто се одбележува во сеќавање на востанието на Евреите во Варшавското гето во 1943 година и комеморативен ден на 6 милиони Евреи убиени во холокаустот.
Комеморацијата се одржа на 5 мај 2016 година во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија со палење на шест меморијални свеќи и отварање на изложбата „Толеранција, дијалог и соработка: еврејската традиција, култура и историја, како дел од македонското мултикултурно општество“. Изложбата е дел од проектот под ист наслов кој се реализираше во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Фондацијата Конрад Аденауер.
Сподели: << Назад
Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.
Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација