Панел дискусија по повод “Меѓународниот ден за борба против фашизмот и антисемитизмот“
На 09 ноември 2016 во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија се одржа панел дискусија по повод “Меѓународниот ден за борба против фашизмот и антисемитизмот“. Панел дискусијата беше организирана од страна на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Институтот за културно и духовно наследство на Албанците и Институт за национална историја, а подржан од Вицепремиерот за Европски прашања Г-дин Арбер Адеми.
На отворањето се обрати вицепремиерот за европски прашања Арбер Адеми, главниот извршен директор на Меморијалниот центар Горан Садикаријо, германската амбасадорка Н.Е. Кристине Алтхаузер, претседателката на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо Николиќ, Скендер Асани директорот на Институтот за културно и духовно наследство на Албанците и професор Маријан Димитријевски од Институт за национална историја.
Сподели: << Назад
Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.
Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација