Комеморација по повод 11 март – 75 годишнина од холокаустот на Евреите од Македонија
По повод 75 годишнината од депортацијата на Евреите од Македонија во градовите Скопје, Битола и Штипво организација на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Еврејската заедница во Република Македонија а под покровителство на Владата на Република Македонија беше организирана комеморативна програма. Како дел од комеморативната програма беа положени цвеќиња пред спомениците на депортираните Евреи во Битола, Штип и Скопје, а беа одржани и маршеви на животот во Битола и Скопје на кои се приклучија повеќе од 2000 учесници.
На комеморацијата присуствуваа Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, Претседателот на Владата на Република Бугарија, Бојко Борисов, Претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звоздиќ како и делегација од Република Романија.
Во рамки на комеморативната програма беше организирана и посета на новата постојана музејска поставка на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.
Комеморативните одбележувања завршија со комеморативен концерт во Македонската филхармонија на кој се обратија претседателот на Република Македонија проф. Д-р Ѓорге Иванов, заменик министерот за одбрана на Држава Израел Ели Бен Дахан, претседавачот на Американскиот Еврејски Конгрес, раби Ендру Бејкер и претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија Берта Николиќ.
Сподели: << Назад
Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.
Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација