Едукативен семинар со наслов “Холокаустот: парадигма или почетна точка“


Во периодот 24-26 октомври 2016 година Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Меморијалниот центар на холокаустот од Парис (Memorial de la Shoah) одржаа едукативен семинар за професори од основните и средните училишта во Република Македонија. Едукативниот семинар со наслов “Холокаустот: парадигма или почетна точка“ се одржа во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. На семинарот активно учество земаа 50 професори по историја.


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN