Одбележан меѓународниот ден за сеќавање на холокаустот во Министерството за надворешни работи на Република Македонија


По повод 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа Комеморативна седница, на која свои обраќања имаа министерот за надворешни работи Никола Поповски, претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија Берта Романо Николиќ, амбасадорот на Држава Израел во Република Македонија Н.Е. Дан Оријан, амбасадорот на САД Џес Бејли, амбасадорот на Полска Јацек Мултановски и Сарале Гутман од Израел. Комеморативната седница беше проследена со промоција на делото „Мишлоах Манот“ – животната приказна за семејството Шами.


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN