КОНЦЕРТ НА ЛАДИНО МУЗИКА СО ГРУПАТА "ELIAS LADINO ENSEMBLE" ОД САД


На 22 јули 2023 година, пред Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија се одржа концерт на ладино музика со групата "ELIAS LADINO ENSEMBLE" од САД. Концертот беше организиран во соработка со Скопско културно лето.

Ладино ансамблот Елиас (THE ELIAS) од Соединетите Американски Држави, изведува сефардска музика од 1976 година на концерти и фестивали ширум светот. Даниел Елиас (Daniel Elias) - кларинет, основач на групата, ја научил битолската еврејска музика во усна традиција, како што била пренесена од неговата баба на неговиот татко. Останати членови на бендот се Скот Вилсон (Scott Wilson) - гитара и уд, Кејси Бонд (Casey Bond) - тарабука и Марко Брем (Marco Brehm) - бас, Зак Јуча ( Zack Youcha) - менаџер.

 


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN