ИЗЛОЖБА - ПОСЛЕДНИОТ ТАТНЕЖ ВО ЕВРЕЈСКОТО МААЛО- ФОТОГРАФСКИ ФАКТИ НИЗ ОБЈЕКТИВОТ НА РАФАЕЛ АЛТАРАС


На платото пред Меморијалниот центар на холокаустот ја отворивме изложбата: ПОСЛЕДНИОТ ТАТНЕЖ ВО ЕВРЕЈСКОТО МААЛО- ФОТОГРАФСКИ ФАКТИ НИЗ ОБЈЕКТИВОТ НА РАФАЕЛ АЛТАРАС. Поводот за овој настан на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија е одбележувањето на 60 годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје и Еврејското маало и 80 години од депортацијата на Евреите од нивните огништа сместени токму во Еврејското маало во Скопје. Изложбата се состои од паноа со фотографии создадени од Рафаел Алтарас. Вкупно 14 парчиња кои соединети во една нарација создаваат слика за животот во еден град и едно маало некогаш и секогаш. Кустос на изложбата е м-р Жаклина Мучева.

Сите заинетресирани можат да ја погледнат на вториот спрат во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија до 31.08.2023 година, секој работен ден од 09 до 19 часот, сабота и недела од 9 до 15 часот (понеделник е неработен ден). Влезот за оваа изложба е слободен.

 


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN