Четврти годишен семинар за наставници по историја реализиран во соработка со Меморијал де ла Шоа
Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија во соработка со Меморијалниот центар на холокаустот од Париз (Memorial de la Shoah), а одобрено од Министерството за образование и наука на Република Македонија реализираа едукативен семинар за професори по историја од основни и средни училишта на кој присуствуваа 40 професори од Република Македонија и Република Бугарија.
Семинарот со наслов “Холокаустот како почетна точка: споредување и споделување” се одржа во Скопје, во период 30 август – 01 септември 2017 година.
Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија во соработка со сродни организации континуирано организира едукативни семинари за професори од основните и средните училишта во Република Македонија. На семинарите професорите имаат можност да дојдат до нови сознанија, алатки и практики за имплементација на холокауст едукацијата во училиштата и воедно нивно вмрежување за размена на искуства и соработка при изработка на проекти за холокаустот.
Сподели: << Назад
Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.
Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација