Промовирана книгата „Да не се заборави“ од Бистрица Миркуловска во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија
На 9 март 2017 година во просториите на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија беше промовирана книгата „Да не се заборави“ од Бистрица Миркуловска. Промоцијата се организира во рамките на комеморативната програма за одбележување на 11 март. Промотор на книгата беше поетот Ефтим Клетников, а како гостин на промоцијата присуствуваше и Шаул Гатењо – Саша, човекот чија животна сторија е раскажана во книгата. На овој настан свој перформанс имаа хорот и оркестарот при СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“. Како дел од комеморативната програма истиот ден делегација на Фондот на холокаустот на Евреите од македонија го посети градот Штип, при што положи цвеќе на споменикот на жртвите од холокаустот. Исто така беше отворена изложбата „Холокаустот низ призмата на детските очи“ во просториите на општината Штип и учествуваше на комеморативната програма организирана од страна на градоначалникот на Штип. Воедно, истиот ден во градот Битола, се положи цвеќе на споменикот на депортираните Евреи од Битола и пред споменикот на народниот херој Естреја Овадија – Мара и жртвите од холокаустот.
Сподели: << Назад
Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.
Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација