Во пријатна атмосфера во амфитеатарот на Арт Центарот ги одбележавме „ Европски денови на еврејска култура 2023 - Денови на отворени врати“ и „Европските денови на културнотo наследство“.
На овогодинешните Европски денови на еврејска култура Еврејската заедница, учествува по 17 -ти пат со настан врз зададената тема „Спомени“ .
Публиката имаше можност да ја проследи музичко драмската изведба на книгата „Стенограми“, од Мориц Романо.
Драматизација и режија: Снежана Конески Русо
Актери: Петар Горко и Снежана Конески Русо
Пијано: Андреј Наунов
Баритон: Ернес Ибраимовски
Тенор: Игор Гиевски
Сопран: Гонца Богоромова Краповски
Алти: Тереза Талеска Лазовска и Елвира Шорко
Публиката имаше можност да ја погледне и изложбата „Верските обичаи и културната традиција на македонските Евреи – раскажувања низ предмети и фотографии“ од авторката Лилјана Лазаревска Мешковска
Изложбата опфаќа предмети кои се поврзани со еврејската религија, а со тоа и со културата која произлегла од неа. Во оваа изложба се претставени 16 предмети преку кои можеме да го следиме не само религискиот живот, туку и празниците поврзани со него, начинот на празнување и културата што ја донеле Евреите со себе при нивното населување на овие простори. Изложбата е надополнета и со фотографии, прикажувајќи го семејниот живот, животот во заедницата и културните особености кои датираат од периодот на 20 и 21 век и ѝ даваат живот и динамичност на изложбата.
Од 19.09 изложбата ќе може да се погледне на вториот спрат во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија до крајот на ноември.