НЕМО во Меморијалниот центар на холокаустот


Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија е домаќин на група експерти, членови на НЕМО (Европска мрежа на музејски организации). Студиската посета ќе се фокусира на теми поврзани со пристапноста на музеите, инклузијата и спорното културно наследство. Претставниците од 7 земји (нашата осма) во текот на престојот ќе посетат повеќе музеи во Скопје, Охрид и Битола, а во текот на утрешниот ден договорена е работна сесија за музејските едукатори, на која ќе се презентираат добрите практики од нивните матични институции поврзани со пристапноста и инклузијата. Секој ден се организираат и кратки состаноци на кои се разменуваат искуства од стручната музејска работа. Оваа четиридневна музејска студиска посета е во организиција на д-р Ирена Ружин (НУ Завод и Музеј Битола), а на покана на МНК ИКОМ.


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN