Проекција на филм по повод „Кристална ноќ“


По повод „Кристална ноќ“, а во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, вчера вечер во Меморијалниот центар на холокаустот беше прикажан филмот „Конференцијата во Ванзе кога човештвото ја изгуби војната“.
Официјални обраќања пред проекцијата имаа Горан Садикаријо, извршен директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Петра Дрекслер – амбасадор на Германска амбасада Скопје и Даниел Браун , директор на Фондација Конрад Аденауер, канцеларија во Скопје. Проекцијата ја следеа студенти и професори од Универзитетот Кирил и Методиј.
Филмот ја прикажува средбата на водечките претставници на нацистичкиот режим од СС, Канцеларијата на Рајхот, министерствата, полицијата и администрацијата утрото на 20 јануари 1942 година во вила на езерото Ванзе во близина на Берлин. Состанокот на кој Рајнхарт Хајдрих, шеф на главната канцеларија за безбедност на Рајхот, безбедносната полиција и СД, го покани како „состанок проследен со појадок“, подоцна ќе биде означен во историјата како „Конференцијата во Ванзе“. Единствената тема на агендата тоа утро беше она што нацистите го нарекоа „Конечно решение на еврејското прашање“: организација на систематско масовно убиство на милиони Евреи низ Европа. Филмот му дава на гледачот увид во шокантната „нормалност“ што се прикажува за време на состанокот додека се разговара за процедурите, организацијата и координацијата, како и за одговорностите за убиството на милиони луѓе како да е тоа секојдневен административен акт.
Филмот е заснован на оригиналниот записник од Конференцијата во Ванзе, снимен од Адолф Ајхман, кој се смета за клучен документ за истребувањето на Евреите и холокаустот. Сепак, овие записници не се стенографски, туку претставуваат записници за текот и заклучоците од состанокот.
Конференцијата во Ванзе кога човештвото ја изгуби војната (2022)
Режисер: Мати Гешонек
Сценарио: Магнус Фатрод и Паул Момерц
Продуцент: Константин филм и ЗДФ

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN