Според одлуката на жири комисијата во состав:
Лилјана Пандева – претседател на жири комисијата, Татјана Гогоска –член, Иван Антоновски - член
1. Првата награда му припадна на расказот „Рош Хашана“ од Дијана Петрова
2. Втората награда му припадна на расказот „Готвачката Оро“ од Маријан Патлиџанковски
3. Третата награда му припадна на расказот „Рубин за Рувен“ од Маја Мојсова
Тимот на Фондот на холокаустот на сите учесници им се заблагодарува за учеството на литературниот конкурс „Раскажувам фотографија 2023“, а на победниците и на пофалените им честита. Наградените три раскази ќе бидат објавени на нашата ФБ страна.