Одржана регионална конференција „Справување со антисемитизмот и адресирање на безбедносните потреби на Еврејските заедници“
На 13 ноември 2018 година во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во заедничка организација на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права – ОДИХР, Еврејската заедница во Македонија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, се одржa Регионална конференција на тема: “Справување со антисемитизмот и адресирање на безбедносните потреби на Еврејските заедници“.
На отварањето на конференцијата свое обраќање имаа министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски, државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Виктор Димовски, претседателката на Еврејската заедница во Република Македонија Берта Романо-Николиќ, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Амбасадорот Клеменс Која и проектниот менаџер во ОДИХР, Илан Кон.
На конференцијата учествуваа претставници на министерствата за внатреши работи, министерствата за правда и на Еврејските заедници од Република Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Грција и Бугарија.
Сподели: << Назад
Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.
Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација