Потпишан меморандум за соработка помеѓу Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје
На 18 јануари 2019 година, во просториите на Филозофскиот факултет во Скопје беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје.
Со овој Меморандум за соработка се дефинираат активностите и модалитетите на соработка помеѓу двете институции. Меморандумот опфаќа низа активности меѓу кои взаемна размена на информации, знаења и искуства, истражување на холокаустот и борба против антисемитизмот, дискриминацијата, ксенофобијата и говорот на омраза. Воедно, во рамките на соработката планирано е организирање на предавања, конференции и трибини како и реализирање на заеднички проекти, практична работа за студентите, работилници како и издавачка дејност преку промоција на книги, зборници и брошури.
Меморандумот беше потпишан од претседателот на Управниот одбор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Благоја Младеновски и деканот на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје проф. д-р Ратко Дуев.
Сподели: << Назад
Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.
Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација