Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија одржан настан со наслов „Меморија“


По повод 76 години од депортацијата на Евреите од Македонија во логорот на смртта Треблинка и 75 години од возобновувањето на Еврејската заедница во Македонија, Италијанската амбасада во Скопје во соработка со Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Еврејската заедница во Република Македонија одржаа настан со наслов „Меморија“.

На настанот предавање одржа реномираниот италијански историчар и професор Марчело Пезети кој е директор на Музејот на холокаустот во Рим. Предавањето беше посветено на улогата на Италијанските дипломати за време на холокаустот, со посебен акцент на Скопје, Битола и Солун.

За време на презентацијата проф. Пезети прикажа историски документи кои се дел од изложбата која моментално е изложена во Рим, а се однесуваат на дејствијата на италијанските дипломати за време на расните закони и Втората светска војна (1938-1943).

Во продолжение беше прикажан и документарниот филм „Меморија“ , во режија на Ругеро Габаи, направен врз основа на сеќавањата на италијанските преживеани од Аушвиц. Филмот ја доби првата награда на Нирнбершкиот филмски фестивал и беше избран од Берлинскиот меѓународен филмски фестивал.


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN