Промоција на книгата „Прирачник за биоетиката и холокаустот“
На 03 мај 2019 година во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија беше промовирана книгата „Прирачник за биоетиката и холокаустот“ од авторите Теса Челуш и Џефри Брамер. Kнигата на македонски ја преведе Митко Пиштолов, а издавачи се Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Центарот за интегративна биоетика при Филозофскиот факултет во Скопје.
На промоцијата поздравни обраќања имаа директорот на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонијам-р Горан Садикаријо и Деканот на Филозофски факултет, проф д-р Ратко Дуев. Промотори на книгата беа проф. д-р Дејан Донев и проф. д-р Ана Фрицханд. За своето дело „Прирачник за биоетиката и холокаустот“ зборуваше д-р Теса Челуш, која е еден од авторите и специјално за промоцијата на македонското издание допатува во нашава земја.
Истито ден се одржа и трибина на тема обработена во книгата „Биоетиката и холокаустот“ . Воведен збор имаше проф. д-р Дејан Донев, Центар за интегративна биоетика при Филозофскиот факултет во Скопје, Катедра за биоетика при УНЕСКО, “A prolegomenon for the Macedonian Jewish studies: History and memory“. Присутните го проследија и излагањет на м-р Наум Трајановски, док. канд. при Институтот за социологија и филозофија, Полска Академија на науките; истражувач на Филозофскиот факултет во Скопје, Универзитет „Св.те Кирил и Методиј“, “Casebook on Bioethics and the Holocaust: Teaching lessons from the past for future healthcare professionals”. Особено интересно беше излагањето на д-р Теса Челуш, Отсек за биоетика и холокауст , Катедра за биоетика при УНЕСКО на Универзитетот во Хаифа. Трибината заврши со дискусија и заклучни напомени.
Сподели: << Назад
Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.
Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација