Научен собир на тема: „80 години од холокаустот на македонските Евреи“


Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) се одржа научен собир на тема: „80 години од холокаустот на македонските Евреи“ посветен на академик Иван Дејанов, предлагач на изградбата на првиот европски музеј на холокауст во Скопје.
Организатори на научниот собир беа Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при Македонската академија на науките и уметностите, под покровителство на претседателот Стево Пендаровски и во соработка со Филозофското друштво на Македонија, Еврејска заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.
На отворањето на собирот се обратија претседателот Стево Пендаровски, академик Владо Камбовски, раководител на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ, претседателот на Филозофското друштво на Македонија Љупчо Митковски, претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија Пепо Леви и Горан Садикарио, главен и извршен директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.
Горан Садикарио, главен и извршен директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија истакна дека собирот има за цел не само да ја одбрани историската вистина и да се спротивстави на обидите за бришење на доказите за Холокаустот, туку и да укаже на растечкиот антисемитизам во светот и по терористичкиот напад на Хамас врз Израел од 7 октомври оваа година, на тоа дека и денес Евреите повторно живеат во страв насекаде во светот.
„За жал сведоци сме на континуиран ревзионизам и искривување на историуксатра вистина за холокаустот на териториите под бугарска окупација од страна на актуелни бугарски функционери и поллитичари. Изминативе неколку години бугарски функцинери дури го поддржа и отворањето на контроверзни бугарски културни клубови во Битола и Охрид што носеа имиња на докажани сојузници на Хитлер. Наместо да покажат политичка зрелост со тоа што ќе преземат морална одговорност и ќе се извинат за случувањата од пред 80 години бугарски функционери и политилари ја условуваат европската интеграција на Македонија со прифаќање на тн „заедничка историја“ во која според нив нема место за вистинската улога на бугарскиот фашистички режим во Холокаустот. За апсурдот да биде уште поголем овој притисок се прави во име на европската иднина на нашата држава. ЕУ не може да се бори против антисемитизмот доколку дозволи ревузионизам на Холокоаустот да биде макар и најмал дел од предусловите за членство“ рече Садикарио.

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN