Промовирано делото: ,,Книга за меморија: Ученици и студенти Евреи од гр. Скопје (1919 – 1943)“


Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Македонија денеска беше промовирано делото: ,,Книга за меморија: Ученици и студенти Евреи од гр. Скопје (1919 – 1943)“, приредена од проф. д-р Ленина Жила, проф. д-р Александар Манојловски и д-р Јасмина Дамјановска.
На настанот свое обраќање имаа директорот на Институтот за национална историја, проф. д-р Митко Панов, директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески и авторите на книгата. Изданието е заеднички проект на двете институции и претставува биографски речник за ученици и студенти Евреи од градот Скопје, за чија подготовка се користени фондови на Државниот архив.

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN