Изложбата “Мазал Тов“ – Еврејските свадби во Македонија меѓу двете светски војни гостува во Битола
Во свечената сала на Офицерски дом во Битола беше отворена изложбата “Мазал Тов“ – Еврејските свадби во Македонија меѓу двете светски војни низ фотографии, документи и предмети. За изложбата која се состои од фотографии, оригинални документи и предмети кои биле составен дел од свадбената церемонија на Евреите од Македонија, зборуваше директорката на КИЦ Битола, Лили Бошевска. Изложбата ја отвори м-р Жаклина Мучева, авторка на изложбата и раководителка на Секторот за едукација при Меморијалниот центар на холокаусотот на Евреите од Македонија.
Сподели: << Назад
Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.
Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација