Ја продолживме традиција на садење дрва на празникот Ту Бишват. Посадивме пет нови Туји во паркот пред Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. На празничниот чин на садење освен вработените од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и членови на Еврејската заедница, присуствуваа и Симона Франкел, амбасадор на Израел во Македонија и Даријан Сотировски – Директор на Комисија за односи со верски заедници и религиозни групи.
Садиме за нашата иднина.