27 Јануари - Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од холокаустот


По повод 27 Јануари - Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од холокаустот, Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Еврејската заедница организираа изложба со наслов:
„ Аушвиц - Место на Земјата: Албум со фотографии од Аушвиц“
Изложбата ја прикажува единствената позната визуелна документација за пристигнувањето на транспорт на Евреи во Аушвиц-Биркенау.
Изложбата е раскажана и продуцирана од Секторот за патувачки изложби, Оддел за музеи, Јад Вашем. Графички дизајн: Одделение за информатичка технологија, Јад Вашем.
27 Јануари е посветен на сеќавање на трагедијата на холокаустот за време на Втората светска војна во кој систематски биле убиени шест милиони Евреи во логорите на смртта, организиран и спроведен од нацистичкиот режим, неговите сојузници и соработници.
27 јануари како ден за сеќавање на холокаустот бил воспоставен од страна на Генералното собрание на Обединетите Нации на 1 ноември 2005 година.
Историски овој ден е поврзан и со ослободувањето на нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц-Биркенау на 27 јануари 1945 година.
Изложбата ја отвори Горан Садикаријо – Главен извршен директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, а се обратија и амбасадорите на Израел во Северна Македонија- Н.Е. Симона Франкел и на Сојузна Репубика Германија – Н.Е. Петра Дрекслер.
Деканот на Правен факултет „Јусинијан Први“ - Проф. д-р Сашо Георгиевски и Раководителот на Програмата на курсеви за холокаустот- Проф. д-р Мишо Докмановиќ им доделија сертификати на учесниците на курсевите за изучување на холокаустот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, реализирани со поддршка на Конференцијата на еврејските материјални побарувања од Германија – Њујорк (Claims conference).
На Г-дин Садикаријо и на Фондот на холокаустот им беше врачена плакета за посебни заслуги во развојот на изучувањето на холокаустот на Факултетот, унапредувањето на соработката и поддршката на студентите и професорите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN