Подготовки за проектот „НАСЛЕДСТВО И ТРАДИЦИЈА, МИНАТОТО РАСКАЖАНО ДЕНЕС“


Првиот работен состанок за проектот „НАСЛЕДСТВО И ТРАДИЦИЈА, МИНАТОТО РАСКАЖАНО ДЕНЕС“ во Државниот архив – Одделение Битола. Договорен е текот на реализацијата на проектот, предадени се материјалите и дефинирани се активностите кои ќе финализираат со завршна манифестација.
Ученици од Битола и Скопје ќе изработуваат албуми на еврејски семејства убиени во холокаустот. Тие ќе имаат обврска да истражуваат и да собираат податоци во архивите на градовите Скопје и Битола, а секако и во Меморијалниот центар. Во проектот од Битола ќе учествуваат ученици од основното училиште „Стив Наумов“со одговорен наставник Магдалена Сајкова и ученици од гимназијата СОУ „Јосип Броз“ – Битола со одговорен наставник Иљо Трајковски.
Проектот има цел да се соберат повеќе фото документирани вистинити приказни за семејства чии имиња ги имаме на листи за депортирање. Учениците ќе го научат истражувачкиот процес, работа во архив, а готовите фото албуми ќе се користат како дидактички материјал во Меморијалниот центар. Проектот ќе се реализира во текот на второто полугодие од оваа учебна година.
Носител на проектот е Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, а автор и координатор на проектот е Жаклина Мучева.
Голема благодарност до Државниот архив – Одделение Битола и директорот Гоце Стојановски кој ја препозна вредноста на овој проект и даде согласност за соработка и учество во истиот. Благодарност и до наставничката Магдалена Сајкова и професорот Иљо Трајковски за учеството и поддршката во проектот.
Следи состанок со учесниците од Скопје.

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN