ИЗЛОЖБАТА „ ЕДЕН ЧАС“ – (ONE HOUR) ДОПАТУВА ВО НЕГОТИНО


Тактилната изложба „Еден час“ гостуваше во Здружениео на слепи лица во Неготино. Поминавме пријатен еден час во разговор и презентација на предметите кои се претставени во изложбата. Зборувавме за еврејската култура, традиција, обичаи преку десетте предмети обработени како тактилни слики и придружени со текст на Брајово писмо. Добиените информации предизвикаа големо интересирање, па за да станат работите уште појасани и да се добијат повеќе информации за населувањето, животот и геноцидот во Втората светска војна врз Евреите на овие простори, договоривме следна средба во Меморијалниот центар.
Голема благодарност до претседателот и секретарот на Здружението на слепи лица на град Неготино, Тони Карев и Даниела Петрова кои го овозможија гостувањето на изложбата „Еден час“ во Неготино.
Изложбата е сопственост на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, а проектот - Патувачка изложба е финансиски поддржан од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN