Во просториите на Црвениот крст на град Куманово денеска ја поставивме изложбата „Еден час“ која оваа календарска година е патувачка. После Скопје, Велес, Неготино, на ред стаса Куманово. Членовите на Здружението на слепи лица имаа можност од Жаклина Мучева да слушнат нешто повеќе за Меморијалниот центар, Еврејската заедница во Македонија и секако за предметите кои се претставени во изложбата. Имаше прашања, коментари, дискусија, по што падна договор во текот на пролетта да го посетат Меморијалниот центар.
Голема благодарност до претседателот Кочо и секретарот Нехат Шакири на Здружението на слепи лица на општина Куманово кои го овозможија гостувањето на изложбата „Еден час“, а посебна благодарност за отстапената просторија на Црвен крст на Куманово.
Изложбата е сопственост на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, а проектот патувачка изложба е финансиски поддржан од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.