Се одржа меѓународна конференција за музеи во организација на Балканската мрежа на музеи „Запознај, види, направи 2024 година“ (Meet, See, Do 2024)


Во Тиват, Црна Гора (18 и 19 април) се одржа меѓународна конференција за музеи во организација на Балканската мрежа на музеи „Запознај, види, направи 2024 година“ (Meet, See, Do 2024). Темата оваа година беше- Заштита на културното наследство во време на криза.
Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија учествуваше со свој претставник м-р Жаклина Мучева која со својата презентација насловена „Ние сме тука – холокауст едукација“ (We are here- Holocaust education) ги запозна присутните со едукативните активности на Меморијалниот центар, постојаната поставка и кој се е опфатен со активностите.
На конференцијата присутвуваа 70 учесници од 17 земји. На конференцијата „Запознај, види, направи 2024“ се одржаа повеќе од петнаесет сесии, со практични работилници кои се одржуваа паралелно, овозможувајќи им на учесниците да изберат на која да присуствуваат. Работилниците ги надополнат клучните предавања, панел дискусиите и презентациите.
На конференцијата се работеа повеќе теми како што се:
- Како се зачувува културното наследство во време на вооружени конфликти, природни катастрофи и како последица на климатски катастрофи, како дел од итен одговор за заштита на културните добра.
- Кои мерки се преземаат за борба против недозволената трговија со културно наследство;
- Кои се начините на работа на превентивни мерки за заштита, вклучително и едукација, промоција на конзервација и дигитална документација на наследството;
- Можеме ли да го смениме политичкото, економското и занемарувањето на заедницата на културното наследство;
- Која е улогата на примената на технолошките решенија како VR/AR во заштитата на културното наследство.
„Запознај, види, направи“ е организирана од Балканската мрежа на музеи, финансирана од Headley Trust UK и кофинансирана од програмата Хоризонт на Европската Унија преку проектите АУРОРА и SHIFT.

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN