Одбележување на Меѓународен ден на музеите и Европска ноќ на музеите 2019


Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија за прв пат оваа година се вклучи и стана дел од манифестацијата ” Меѓународен ден на музеите и Европска ноќ на музеите”, која имаше за цел на пошироката јавност да и ги приближи музеите како исклучително значајни институции во доменот на културата.

Како дел од програмата за одбележување на оваа манифестација во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија беа организирани повеќе активности наменети за различни возрасни категории, а именувани како „Башка и барабар во еврејската култура и традиција“. Темата оваа година, која ги обедеинуваше сите активности во музеите беше: Музеите како културни центри: иднината на традицијата

За најмладите, со цел запознавање со еврејската традиција, беше реализирана работилница за изработка на предмети од глина што ја симболизираат еврејската култура. Учесници на работилницата беа ученици од 7 одделение од ООУ Петар Поп Арсов, под менторство на нивните професори Даниела Штерјова и Мирослав Најдоски. Беше организирана завршна манифестација на училишниот проект ”Холокаустот низ призмата на детските очи” во кој учениците од целата држава земаа активно учество во ликовниот, литературниот и конкурсот за дигитална содржина во рамките на проектот.

Потоа се одржа завршен настан и промоција на мобилната апликација „Скриените богатства на старата скопска чаршија“, како и предавање на тема „Креативни индустрии и туризам“ одржано од Доцент д-р Иванка Апостолова.

Во рамки на програмата , на 20 мај беше прикажан и документарниот филм „Кој ќе ја пишува нашата историја?“ во режија на Роберта Гросман и Ненси Спилберг.


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN