Промовирана книгата „Струма“ – една приспивна во темнината од Хакан Акдоган


Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија организираше промоција на книгата „Струма“ – една приспивна во темнината од Хакан Акдоган. Промоцијата се одржа на 23.05.2019 година во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Промотор на книгата беше Академик Ферид Мухиќ.

Книгата „Струма“ зборува за брод кој испловува од пристаништето Констанца во тешките денови на Втората светска војна и се укотвува на бреговите на Босфор крај Истанбул. До каде ќе ги носи овој мртовечки сандак стотиците Евреи во потрага по нова татковина…? Одговорот на ова прашање е една од најсрамните страници на историјата. Судбината на „Бродот на проколнатите“ е да биде потопен во темните води на Црното Море.

Хакан Акдоган (Hakan Akdoğan) е роден во 1971 година во Анкара, Турција. По вокција е филолог. Работел на многу работни места, од чувар во уметничка галерија до бармен, од комерцијален советник за спортска опрема до раководител на продавница, од радио продуцент до уредник во издавачка куќа. Дипломирал “Англиска филологија” на Универзитетот Хаџеттепе и “Медиуми и Комуникации” на Анадолскиот универзитет. На Универзитетот Улудаг работел на програмата “Човекот, општеството и филозофијата”. Има преведено дела од Фернандо Песоа и Маркиз де Сад. Ги има напишано романите “Гола Периде” (Nü Peride), “Сенката што живее” (Gölge Yaşatan), “Струма”, “Допир” (İlişmek), “Ежово растојание” (Kirpi Mesafesi). Добитник е на наградата Јунус Нади (Yunus Nadi) за најдобар роман.


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN