Отворена изложба на фотографии „Патот на Сефардите“
На 05 јули 2019 година во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија беше отворена изложбата на фотографии „Патот на Сефардите“. Изложбата е составена од фотографии од 18 градови претставувајќи ги еврејските населби во Шпанија. Изложбата се одржува по повод 25-годишнината од воспоставувањето на билатералните односи помеѓу Кралството на Шпанија и Република Македонија, и истата е дел од програмата на „Скопско лето“. Организатори на изложбата се Амбасадата на Кралството на Шпанија во соработка со Асоцијацијата на Еврејски Шпански Населби, Скопско лето, Еврејската заедница на Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.
Сподели: << Назад
Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.
Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација