Концерт на шпанска сефардска музика


На 11 јули 2019 година на платото пред Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија се одржа концерт на шпанска сефардска музика која ја изведуваше шпанскиот бенд "Стринг оф Леона&Серена" во состав Леона Хота-тенор, Марија Пилар Лопез Хуртадо - виолина, Хуан Диас Порас - виолончело и Бергилос Оскар Санчез - гитара. Концертот понуди одлично музичко доживување, а репертоарот се состоеше од традиционални сефардски песни и ладино музика. Концертот беше организиран по повод 25- годишнината од воспоставувањето на билатералните односи помеѓу Кралството на Шпанија и Република Македонија и беше дел од програмата на манифестацијата „Скопско лето“. Организатори на концертот беа Амбасадата на Кралството на Шпанија во соработка со Скопско лето, Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN