ТАКТИЛНАТА ИЗЛОЖБА „ЕДЕН ЧАС“ – (ONE HOUR) ГОСТУВАШЕ ВО КОЧАНИ И ШТИП


На 20 мај во просториите на Здружението на слепи и слабовидни лица – Кочани гостуваше изложбата „Еден час“ која оваа календарска година е патувачка. Беа поставени 10 паноа. На секое пано има тактилна слика за музејски експонат од Меморијалниот центар на холокаустот, проследена со опис на Брајово писмо. На паноата има и фотографија и текст за сите оние што можат да ги видат, а се придружници на лицата за кои е наменета оваа изложба.
Со насмевки и топло добредојде бевме пречекани и во просториите на Здружението на слепи лица во Штип. Низ дискусија, прашања и лични искуства зборувавме за историјата, културата и традицијата на Евреите во светот и кај нас.
Оние за кои беше наменета изложбата со внимание ја проследија и се договоривме дека следната наша средба ќе биде во Меморијалниот центар.
Голема благодарност до претседателот Драги Витанов и секретарот Ѓорѓе Ѓеорѓиев од Здружението на слепи лица на Штип кои го овозможија гостувањето на изложбата.
Благодарност и до Петар Александров – секретар и Серафим Апостолов- претседател од Здружението во Кочани кои ги организираа членовите на нивнотот здружение и ги подготвија просториите за тактилната изложба „Еден час“.
Целта на овој проект е зголемување на инклузијата и доближување на еврејското културно наследство до слепите и лицата со оштетен вид.
Изложбата е сопственост на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, а проектот патувачка изложба е финансиски поддржан од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN