Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и оваа година е партнер на проектот „Европско сеќавање 2018-19 - Beit Project, Меморија и разновидност“


Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и оваа година е партнер на проектот „Европско сеќавање 2018-19 - Beit Project, Меморија и разновидност“. Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и оваа година е партнер на проектот „Европско сеќавање 2018-19 - Beit Project, Меморија и разновидност“. Фокусот на проектот е да создаде тројна средба меѓу младите и 10-те одбрани европски градови. Средбите се со градот, со историјата, со „другите“ граѓани, луѓе со различно социо-економско потекло, различни култури вери или потекло. Преку експериментален процес, младите осознаваат дека „другиот“ не е препрека, туку предност за да добие поширока и подлабока свест за неговото општество. Преобразувајќи ги местата за наследство во образовни платформи за дијалог и дебата, ги поврзува историјата и современите теми. Оваа година и по трет пат, активностите на проектот се ко-финансирани од Европската унија во рамките на програмата „Европа за граѓаните“ на Извршната агенција за образование, аудиовизуелни култури. Реализацијата на проектот за 2018- 2019 е во 10 градови: Скопје, Атина, Париз, Икселс, Брисел, Барселона, Марсеј, Софија, Ница и Букурешт, благодарение на соработката на избраните локални партнери, заедно со Проектот Беит Доц: • Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија • Институт Балкан Про Европа (Institut Balkan Pro Europa) • Генерален секретаријат за верски работи на Грција (General Secretariat of Religious Affairs of Greece) • Куќата на Европа во Парис (Maison de l'Europe à Paris) • Дом на архитектура и градот Паца( MAVPACA) • Градот Брисел (Ville de Bruxelles) • Организација на Евреите во Бугарија „Shalom“ (Organization of the Jews in Bulgaria "Shalom") • Федерација на еврејските заедници во Романија- Културен Мозаик (Federatia Comunitatilor Evreiesti Di Romania - Cultur Mozaic) Благодарение на динамиката на сите локални тимови и соработници. Преку проектот, повеќе од 3000 европски граѓани се вклучуваат и влијаат. За повеќе информации погледнете го краткиот филм за дел од активностите на проектот https://youtu.be/q4O9qqYvp2M


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN