Изложбата „Откријте го Сефарад“ допатува во Струмица
Во Домот на културата „Антон Панов“ во Струмица вчера беше отворена патувачката изложба „ Откријте го Сефарад“ или „Патот на сефардите“. По гостувањето на изложбата во Берлин, Краков, Белград ,Токио и Скопје, 20 те фотографии патуваат низ Македонија, од Штип во Струмица каде ќе остане до 03 декември.Следната станица е Гевгелија. Поводот за ова фотографско уживање е 25 годишнината од воспоставувањето на билатералните односи на нашата земја со Кралството Шпанија, а изложбата ја подготвија Здружението на еврејски населби на Шпанија „Caminos de Sefarad. На отворањето присуствуваа ученици и наставници кои со задоволство ги коментираа изложените фотографии и ветија нови истражувања за Сефардите и нивните обичаи.
Сподели: << Назад
Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.
Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација