ПЕТТИ НАГРАДЕН КОНКУРС „Раскажувам фотографија“2024


Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија по петтипат распишува конкурс за краток расказ инспириран од стари фотографии со наслов: „Раскажувам фотографија“ 2024
ТЕМА:
Секој петок, на ФБ страната на Фондот на холокаустот ќе биде објавувана фотографија која ќе биде позврзана со животот на Евреите во Македонија. Фотографијата ќе биде лајтмотив за расказот. Во расказите треба да доминираат случувања од животот на Евреите во Македонија, во минатото.
Прифатливи ќе бидат раскази кои можат да придонесат кон подобро разбирање меѓу луѓето, кон искоренување на омразата и разградување на предрасудите, раскази кои допринесуваат соочување со минатото, холокаустот, емпатија, раскази кои ги поместуваат границите и ни отвораат пат да градиме поизвесна, побезбедна и послободна иднина за сите.
Целта е да се поттикне продукцијата на краткиот расказ како форма што е многу популарна, современа и широко прифатена од читателската публика и која има длабоки корени во сефардската раскажувачка традиција.
ПРОПОЗИЦИИ:
- расказите да не бидат подолги од 100 реда
(три страници со новинарски проред или најмногу до 7.000 карактери )
- расказите да не биле досега објавувани или да биле во конкуренција во предходните конкурси „Раскажувам фотографија“
- во расказите задолжително да има елементи од јудаизмот
- право на учество имаат сите полнолетни лица, веќе афирмирани, но и оние кои досега немаат објавувано.
- секој учесник може да учествува на конкурсот со најмногу три раскази.
Ракописите треба да се испратат на: info@holocaustfund.org.mk со назнака: За конкурсот „Раскажувам фотографија“ и за која тема се однесува расказот.
ТРАЕЊЕ:
Конкурсот почнува со објавување на првата фотографија и тема, на 13.9.2024 година. Последната, седма фотографија и тема ќе бидат објавени на 25.10.2024 година, а сите автори ќе можат да праќаат творби до 11.11.2024 година. Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 30.11.2024 година. Датумот за врачување на наградите и одбележување на јубилејот дополнително ќе биде објавен.
НАГРАДИ:
Прва награда - 25 000 денари
Втора награда - 15 000 денари
Трета награда - 10 000 денари
Расказите ќе бидат жирирани од стручни лица и докажани автори.
Фондот го задржува правото за објавување на наградените. Најдобрите раскази, според жири комисијата, ќе бидат објавени на ФБ страната на Фондот на холокаустот.
Сите учесници ќе добијат благодарница за учеството на конкурсот.

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN